Заев: Со Грција ќе се разговара, има волја на двете страни да се бара решение (ВИДЕО)

Ние немаме стигнато до таму да разговараме за некои нови имиња или слично, она кое овие денови ќе се разговара е потврда на желбата на двете страни за суштествено да навлезат во решавање на проблемот кој што Грција го има со нашето уставно име,  рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата во Приштина во вторникот одговарајќи на новинарско прашања за коментар за пишувањата на грчките медиуми, дека се преговара веќе за можно решение на спорот?

„Јас се надевам дека под посредништвото на Метју Нимиц ќе биде потврдена заедничката желба на двете страни, на Република Македонија и Република Грција за изнаоѓање на вакво решение, ние од наша страна тоа јавно го потврдуваме, тие се и напатствијата на нашиот преговарач, и се надевам дека состанокот ќе заврши во позитивна атмосфера, за да можеме понатаму да очекуваме разработка на можни решенија на овој проблем“, рече Заев.

Во врска со комплетираето на министерскиот тим, имајќи предвид дека има испразнети министерски места во неговиот владин кабинет, Заев одговори дека подоцна во вторникот вечерта по враќањето од Косово во Скопје, ќе има состанок со коалиционите партнери , и оти се надева дека ќе биде последен состанок за да може да ги соопшти имињата на предлог кандидатите до парламентот за испразнетите места во Владата на Република Македонија

„ Значи секако ова е едно чувствително прашање кое не е предизвикано ниту од  Зоран Заев ниту од Рамуш Харадинај, за кое што заслужуваат граѓаните од двете држави да ја знаат целата вистина, и од тој аспект имаме заеднички ставови дека треба да има меѓународна истрага, или поканети меѓународни претставници кои ќе ги соочат сите елементи и ќе ги дадат одговорите на прашањата кои што граѓаните ги заслужуваат“, рече македнскиот премиер одговарајќи на прашањето дали во Приштина разговарал за случајот со кумановски Диво насеље во кој во судир со македонските безбедносни сили пред две и пло години загинаа и осум косовски државјани

И од Република Косово и од Република Македонија, проолжи Заев, на ова прашање гледаме како на можност која што не смее да биде пречка за унапредување на соработката помеѓу двете земји, и убедени сме дека поради интересот на јавноста и сето она што претставува потреба на граѓаните, ќе одработиме за да може граѓаните да ја знаат целата вистина за овој случај, кој што знаете дека во Македонија заврши трагично, беа загинати полицајци.

„Но секако сите прашања кои што се’ уште се поставени како прашања а за нив нема одговори, граѓаните треба да ги добијат по пат на независна меѓународна истрага, од меѓународни претставници кои ќе ги дадат своите коментари во ваквиот случа“, додаде Заев.

Што се однесува до неговата изјава дека македонската влада  ќе го поддржи Косово во евроинтеграциските процеси, Зеве беше запрашан од косовските новинари конкретно дали Македонија ќе го поддржи зачленувањето на Косово во УНЕСКО?

„ Знаете дека прашањето е одложено, не знаеме точно кога ќе се решава, јас се надевам дека паралелно со тоа ќе се решаваат и билатералните односи на Косово со Србија. Ние даваме голема поддршка на дијалогот кој што е отворен помеѓу Приштина и Белград, и во насока на тоа и решавањето на сите овие прашања. Косово треба да смета на поддршката на Република Македонија во сите свои процеси, но истовремено знаете дека и Република Србија е нашиот сосед, така што во делокругот на добрососедството со сите земји, се надеваме дека и билатерално ќе ги решаваат прашањата, а ние ќе бидеме овде за да ги помогнеме процесите на двете земји“, одговори Заев.