Премиерот Зоран Заев ненајавено во средата попладнето побара од пратенциите да се изјаснат за доверба на Владата, велејќи дека според Уставот и собранискиот деловник, премиерот има право усно да побара гласање доверба на неговиот кабинет. Меѓутоа, суштината на неговиот потег е да го осуети формирањето на ново парламентарно мнозинство, откако коалициските партнери на СДСМ истапија од заедничката пратеничка група со социјалдемократите и неможноста за интензивирање на нивните преговори со најголемата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, во периодот кога нејзиниот лидер Христијан Мицкоски е во изолација.
Со овој потег, исто така, Заев е единствениот кој по половина година власт повикува гласање на доверба на својата власт, бидејќи очигледно нема верба во коалиционите партнери. Покрај тоа, преседан но кој ја разобличува вистинската намера на лидерот на СДСМ, е неговото инсистрирање да бара изјаснување на пратениците за доверба на неговата влада да биде без расправа.
„Ред е да се соочиме и расчистиме, да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство од опозицијата која наводно ќе ја падне оваа влада. Ова е моментот кога ќе покажеме пред граѓаните колку има вистина од опизицијата, да видиме за што станува збор-стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опизиција. Мора да е едното од двете ако не и двете заедно“, рече Заев пред пратениците.
Истакна притоа дека „нема да дозволи“ неизвесност, несигурност, сопки, блокади и оптрукции.
„Во име на вистината ја преземам одговорноста и обврската пред граѓаните согласно Уставот и деловникот на Собранието да побарам изјаснување на Собранието за доверба на владата“, заклучи Заев.
Сепак, тоа укажува на фактот дека Заев е сериозно начнат, и сега преку процедурални еквилибристики сака на „апарати“ да ја оддржува Владата. И да се реши да ја задуши дискусијата на пратениците, коишто, нели, треба да оние шти ги избрале да им објаснат зошто ја поддржуваат или не ја поддржуваат владата на Заев.
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, во тој контекст реплицираше на изјавата на Заев, дека власта нема храброст да дозволи тридневна расправа за, како што посочи, опозицијата и пратениците да ги кажат сите грешки и катастрофални политики што ги спроведува неговата Влада.
Многу јасно е дека станува збор за манипулации и злоупотреба од страна на Заев на ваков начин да си го продолжи трањето на Владата додека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е во изолација. Без расправа лидерот на СДСМ, така на нему вообичаениот шверцерски начин, сака да купи уште неколку месеци за својот кабинет.
Собранискиот спикер Талат Џафери даде пауза за 34-та седница до 16 часот и 15 минути. Во меѓувреме, Џафери треба да го извести претседателот на државата Стево Пендаровски за барањето на премиерот Заев за гласање доверба на Владата.
Деловникот предвидува во случај кога прашањето за доверба на Владата го поставува претседателот на Владата усно на седницата на Собранието, пратениците се изјаснуваат на истата седница, без расправа. Претседателот на Владата и пред гласањето има право да му се обрати на Собранието.
Ако на Владата и е изгласана недоверба, премиерот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Републиката.