Заев: Со Шаќири донесовме одлука за раскинување на договорот

Со Џезаир Шаќири, алијас командант Хоџа, донесовме заедничка одлука дa го раскинеме договорот, изјави премиерот Зоран Заев со што потврди дека Шаќири нема да биде ангажиран како надворешен соработник во Владата на Република Македонија.

-Транспарентни сме за се. Нашата цел беше инклузивен процес и надминување на конфликтите од минатото. Луѓе кои во минатото се гледале низ нишан, сега работаат за својата земја Република Македонија. Но, истовремено сме и луѓе кои слушаат, а реакциите беа преголеми. Слушнавме што народот кажува, што кажа опозицијата која исто така беше критичка кон ова прашање. Разговаравме со Џезаир Шаќири и заедно донесовме одлука договорот да го раскинеме, изјави премиерот Заев за време на денешната посета во Битола.