Со Законот за употерба на јазиците ја унапредивме употребата на јазиците на сите заедници. Сите одредби во законскотоо решение се согласно Член 5 од Уставот. Пакетот го праќаме на усвојување во парламентот, а потоа откако ќе биде усвоен, го праќаме на Венецијанската комисија, изјави во саботата премиерот Зоран Заев на прес- конференција во Охрид, придружуван од вицепремиерите Хазби Лика и Бујар Османи.
„Со Законот ќе се прошири употреата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, што значи дека во институциите, граѓаните ќе говорат на свој јазик“, рече Заев и уверуваше дека прв јазик за службена употреба е македонскиот со неговото кирилично писмо.
ОД ВМРО-ДПМНЕ, пак, претходно посочија дека прелог-законот за двојазична Македонија е во псротивност со Уставот на земјата и оти, како што истакна Антонијо Милошоски, „ние не можеме, ниту смееме да поддржиме закон којшто е спротивен на Уставот“.
Законот за употреба на јазиците беше усвоен на синоќешната владина седница, а откако ќе се усвои и во Собранието, ќе биде доставен до Венецијанската комисија заедно со отворените прашања кои не се дел од него. Комисијата ќе треба да даде мислење за пакетот законски решенија, потврдија од Владата.
Во јавноста излегоа информации дека во законот ги нема двојазичните банкноти и хартии од вредност, како и двојазични амблеми на војската и полицијата во општините каде 20 отсто од населението е од албанска националност. Овие се дел од отворените прашања за кои ќе треба да решава Венецијанската комисија.