Заев: Споменикот на Александар Велики нема да се урива

Споменикот на Александар Велики во Скопје нема да се урива, категоричен беше премиерот Зоран Заев во синеќешното интервју на во интервју за ТВ 24 Вести.

– Споменикот на Александар Велики на централниот плоштад во Скопје нема да се урива и дека тоа не е ниту прашање во разговорите со Грција. Сѐ што имаме ни е македонштината, но на граѓаните им требаат повеќе пари, подобар живот и затоа се надевам дека ќе има достоинствено решение за името со Грција – рече Заев.