Заев не се појави на судењето за случајот „Поткуп“. Со ова струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ денес покажа дека не ги почитува законите и институциите на Република Македонија.
Судскиот процес за случајот „Поткуп“ кој денес требаше да започне во Основниот суд Скопје 1 е одложен поради тоа што Зоран Заев не се појави во судницата. Судењето е одложено поради тоа што Заев бил службено зафатен и е закажано за 3-ти март.
Заев, според изјава на неговиот адвокат Ване Андреев, не се појавил во скопската единица поради средба во кинеската амбасада, иако претходно потврди дека ќе се појави на рочиштето.
„Курир“ потсетува дека поради неприсуството на Заев неколку пати беше одложуван и процесот за случајот „Пуч“.
Заев за овој случај пред судот се појави откако случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство. По одложувањето на судењето за „Пуч“, Заев побара Специјалното јавно обвинителство да го преземе и случајот „Поткуп“.
Порталот „Курир“ пишува дека ваквото однесување на Заев, со непочитување на законите и институциите, отвора сомнеж дека лидерот на СДСМ не е службено зафатен и може да присуствува на суд само кога Катица Јанева е обвинител.
Имено, обвинението против Заев, Основното јавно обвинителство за случајот „Поткуп“ го поднесе во јуни минатата година. Заев е обвинет за примање поткуп во висина од 200.000 евра за да изврши легализација на државно земјиште.