![zaev i radev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/zaev-i-radev.jpg?resize=640%2C393&ssl=1)
Премиерот Зоран Заев вечерва во телефонски разговор му ја честитал победата на претседателот на Република Бугарија Румен Радев на претседателските избори што се одржаа денеска.
– Во телефонскиот разговор што го имав со Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ. Се согласивме дека Бугарија и Северна Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина – стои на фејсбук профилот на премиерот Зоран Заев.
Според паралелното пребројување на 100 отсто гласови направено од Галуп, актуелниот претседател на Бугарија и кандидат за втор мандат Румен Радев доби 66,4 отсто гласови. Независниот кандидат Анастас Герџиков освои 31,9 отсто.