Заев треба да се извини пред сите нас кои го донесовме на власт, а ние да се извиниме за грешката што ја напрвивме

Лошите политики на Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев наидува на остри критики и кај оние кои токму го донесоа Заев на власт. Имено покрај ветувањата за подобар живот и повеќе пари во џебовите граѓаните, добивме покачување на акцизата за нафтата, која самата како еден од главните енергенси што се користи во скоро секој сектор, повлекува и зголемување на цените на сите производи. Ветувана беше просечна плата од 500 евра, а откако е на власт СДСМ, просечната плата паѓа. Уште многу ветување за подобар живот на граѓаните како да се заборавени од страна на власта, пишува Зоран Ивановски, кандидат за пратеник на СДСМ на декемвриските паралемнтарни избори.

Поради ваквата работа на оваа Влада, со реакција излезе Ивановски, кандидат за пратеник од СДСМ кој беше втор на листата пратеници од дијаспората. Тој во својот најнов пост на Фејбуск вели дека Заев треба да се извини пред сите кои го донеле на власт, а дека тие кои го донеле на власт треба да се извинат пред граѓаните.

Ивановски упати критики кон власта и поради нелогичното однесување кое го има. Во текот на кампањата за локалните избори СДСМ единствено што ветуваа беше чистиот воздух, додека од друга страна актуелната власт најави дека ќе се менува законот за пушање, со кој сега повторно ќе се дозволи пушење во јавните простории.

 

Ги напаѓа и, како што самиот вели, лошите кадровски решенија на власта предводена од СДСМ. Имено, откако Тевдовски ги нарече медиумите кои пишуваат за зголемувањето на акцизата за дериватите нестручни, само затоа што го критикуваат овој потег на власта, а неговиот советник Бранимир Јовановиќ се обиде да им објасни дека тоа што дериватите ќе поскапат, било добро за граѓаните.

Тој на Фејсбук напиша дека пред изборите СДСМ пуштиле голем број криминалци од затвор, за да ги добијат овие локални избори, па како што вели дека не треба сега да се жалат дека се зголемил бројот на убиства во државата.

Ивановски упати и прашање дали министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски воопшто работи нешто, постирајќи неколку вести од трагични настани кои се случија само минатиот викенд.

Ивановски на Фејсбук напиша и дека Заев дејствува за ослободување на градоначалник, дека Заев знае дека двајца функционери му се под истрага, но дека тие ингеренции и информации по закон премиерот ги нема. Тој заклучува дека тука се создава новото македонско божество.

Кандидатот за пратеник на СДСМ од 2016 година упати критики и кон новиот буџет кој го предлага Владата предводена од Зоран Заев и Министерството за финансии, предводено од Драган Тевдовски. Ивановски вели дека во него предвидено ниту еден капитален проект.

Пред изборите во 2016 година една од главните работи кои цело време ги зборуваше тогашната опозиција е дека во државните установи има превработеност, а во новиот буџет за 2018 побарани се средства за 200 нови вработувања во градинките.

Тој прашува и дали Заев сака да го направи најголемиот грабеж досега од постоењето на Македонија.

Ги нападна, исто така, и оние „непартиски“ активисти, од кои дел сега се вработени во Владата, дел се пратеници, дел директори, советници.