Денес уште еднаш се докажа дека Заев и СДСМ ги користат лепените и креирани снимки за класична уцена врз државата и нејзините интереси. Преку создавање и долготрајно оддржување на политичката криза сакаат негативно да влијаат на растот на економијата и отворањето на нови работни места. На тој начин, тие прават штета и на државата и на секој еден граѓанин во Република Македонија, пишува „Курир“.
СДСМ и нејзиниот лидер ја докажаа деструкцијата кон сопствената земја и сопствениот народ и покажаа дека им се важни само личните и партиски интереси и желбата да дојдат на власт без да добијат поддршка од граѓаните на избори.
Со денешната постапка Заев и неговата партија повторно ја потврдија политичката неодговорност и покрај јасните пораки од народот и од претставниците на меѓународната заедница.
Јасно е дека ппозицијата на чело со Заев вложува се за да не се постигне договор, бидејќи нивниот вистински страв се договорените избори во април од кои сакаат да се спасат и побегнат.
Иако е нетипично за било која опозиција да бега од избори, тие знаат дека имаат слаба поддршка. Се повеќе е јасно дека политичките бомби и деструктивното однесување на опозицијата не наидува на било каква поддршка од граѓаните, кои пак поддржуваат проекти, работа и конкретни чекори, наместо протести, неосновани напади, агресија и рушење на институциите.
Дополнителен страв кај Заев денеска предизвика и објавената анкета на американскиот Интернационален републикански институт, според која ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност пред СДСМ.