Заев уште пред четири години најави кратење на администрацијата, но не стори ништо

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, обвини дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, уште пред четири години го најавил проектот за кратење на администрацијата, но дека никогаш не го сторил тоа.

– Во контекст на неговите најави на неговите проекти само да потсетам дека ова беше проект кој што го најавуваше и пред 2016 година пред да направи влада и да влезе во владата. Зоран Заев имаше три години да го реализира ова да ја скрати администрацијата како што ветуваше пред четири години, но како што знаете, тоа се официјални податоци од Министерството за информатичко општество и администрација за тие три години бројката на ново вработени во државната администрација достигна можеби до 40.000. Ова е уште една лага и ова е лага која што нема да успее на ниту еден начин да помине кај граѓаните и да им се додворат – рече Арсовски на денешната прес-конференција.