![zaev intervju euroactiv](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/07/zaev-intervju-euroactiv.jpg?resize=603%2C392&ssl=1)
Во интервју за бриселскиот портал Euroactiv , новинарот го претстави Зоран Заев како „премиер на Република Северна Македонија“, новото име според договорот меѓу Атина и Скопје.
Запрашан дали компромисот е добар, со оглед на фактот дека пристапните преговори се закажани за наредната година, премирот одговори: „Црна Гора ги започна преговорите по седум ипол месеци по одлуката на Европската комисија, Србија по девет и пол, а ние по дванаесет месеци.“
Заев истакнал дека во меѓувреме неопходно е да помине референдумот во земјата за да може да се направат неоподните припреми за 2019 година.
Во однос на ставовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ, тој кажа: „Постои контрадикција, но ако сме за ЕУ и НАТО, мора да бидете спремни за компромис.“