Експертите се едногласни дека токму оние криминалци, кои премиерот најави дека ќе бидат ослободени од страна на Владата предводена од СДСМ и Зоран Заев, ќе бидат главниот адут на владеачката партија за локалните избори. Причина за тоа е слабиот рејтинг кој го има СДСМ и анкетите кои прогнозираат голем пораз на СДСМ на изборите.
-Јас сум за закон за амнестија, се надеваме дека што побрзо ќе може да влезе во владина и во собраниска процедура, изјави премиерот Заев при денешната посета на затворот во Идризово.
Покрај целта за користење на ослободените затвореници во кампањата на СДСМ и тие да бидат искористени за заплашување на граѓанните, според одредени информации власта на Заев се спрема и МВР и да го стави во погон за изборите.
Според нивниот план, откриен во пост на Фејсбук, кој подоцна беше избришан од кандидатот за градоначалник на Кисела Вода, Темелковски и СДСМ ќе победеле со чалам и бизнис поддршка, како што стои на таблата во општинскиот комитет. Чалам, еуфорија и бизнис поддршка, што според некои значи рекет, се дел од она што може да се забележи на фотографиите, кои Темелковски ги отстрани, надевајќи се дека нема да стигнат до очите на јавноста, но за негова жал, безуспешно.
Дополнително, ваквиот план покажува дека во битката за гласови СДСМ и нивните кандидати првично ќе се потпираат на закани со МВР кое го раководи Оливер Спасовски, како и притисоци врз земјоделците и социјално загрозените лица. Дел од медиумите веќе пишуваа дека СДСМ планира фалсификат на локалните избори со помош на партиската полиција и криминалци од соседството.
По низата антидржавни политики, единствен спас за подобар резултат на претстојните локални избори Заев и СДСМ гледале во злоупотребување на МВР, кое интензивно се партизира од страна Спасовски, како и мафијашкото подземје од Македонија и Косово, кое според одредени медиуми треба да го активира Мухамед Зекири. Целта е полнење на кутии, заплашување на гласачи и операција која Заев ја држел во тајност, а за која самиот велел дека била подготвувана од надвор.
Инаку и затворениците на кои денеска им беше ветена амнестија од страна на премиерот не се сигурни во овие негови зборови, бидејќи како што покажува минатото, Зоран Заев не стои на својот збор, па и таа амнестија може да биде само уште едно лажно ветување од негова страна.
Инаку, поткрепа на овие тврдења на голем број експерти е и последната анкета на Институтот „Павел Шатев“, која покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има голема поддршка од граѓаните и треба да стигне до убедлива победа на изборите кои треба да се одржат на 15 октомври.
37.8 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.
Доколку следната недела има избори, гласот за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 26.7 отсто од испитаниците, а 18.8. за СДСМ.
На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.