![zaev-sobranie](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/12/zaev-sobranie-2.jpg?resize=637%2C367&ssl=1)
Ветениот живот за младите и зборот на Зоран Заев дека ќе ги врати сите млади од странство, остана во заборав. Вчера во емисија „24 Отворено“ на прашање од студент што ќе преземе да се спречи иселувањето од Република Македонија, Заев наместо конкретен одговор започна да филозофира.
Заев започна да се правда со тоа што прашањето било комплексно, но тој сакал да ги поттикне младите подлабински да размислат што се тие околности што би ги задржало овде во Македонија, и што се тие спротивно што ги демотивираат да си одат надвор.
Севкупниот амбиент на животот е прво составен од повеќе елементи. Соодветна работа, достоинствени примања за да може да се организира живот, да се планира семејство и сл. Но притоа да има слобода, правда, добар образован систем, добро здравство. Генерално сите овие аспирации ги има за да се постигнат како цели. Но надвор од НАТО и ЕУ минорно или бавно темпо се движат подобрувањата на условите во Македонија. Потребен бил камшикар кој ќе не посреди малку заради тоа што треба да има правила,ред и поредок“.
За да подоцна Заев јасно и децидно каже:
Имаме млади луѓе што со 60.000 денари имале плата па заминале. Заради тоа што другите околности за нив не нудат перспектива за нивните деца и за животот кој за себе го планираат до крајот додека им е животот. Околностите се средуваат најповеќе дома но и истовремено и со помош на интеграциските процеси. Затоа сите земји кои што не се членки на ЕУ тежнеат да бидат кон ЕУ. Затоа придобивките на земјите кандидати кои отвораат поглавја се видливи заради тоа што ЕУ преку поглавјата го средува целиот систем. И преку фондовите, структурни, организациони и слични го дига стандардот. И тогаш ќе ве пуштат во ЕУ. Но дотогаш ќе го дигнат стандардот. Но преку еден ваков стандард нашите очекувања се дека младите ќе имаат веќе доволно мотив да останат дома. Некој ќе каже добро е во Хрватска и Словенија и таму заминуваат младите, да ама кога гледаме колкав период се дома, колку период се надвор тоа и те како е поразлично од Македонија“.
-Од Македонија се што може да замине заминува. Само да има работа, да има пасош, и заминува. Тоа не е така во Словенија, таму 9 месеци се дома, 3 месеци во Австрија, не знам каде во Германија, во Швајцарија, насекаде. Ама и се дома. Денеска се е глобално село. Така да дома треба да создадеме услови кои што им се опција на младите, и тогаш може да очекуваме да го стагнираме тој процент на заминување на младите луѓе. Уште со самото членство во НАТО ќе почне да се намалува бројот со отворање на поглавјата бројот пута два ќе почне да се намалува на заминување на младите. Не зборувам да го нулираме да биде на нула. Јас очекувам дека ќе доживееме време да почне да се враќаат. Имаме дел млади луѓе кои што се враќаат, кои што виделе вакви основи но е мал овој процент. Кога ќе го споредиме колкав е процентот на заминување огромен е процентот за заминување, нагласи Заев во самата емисија.
Во својот „План за живот во Македонија“ премиерот Зоран Заев гордо најавуваше дека ќе ги врател назад во државата младите кои се иселиле, но како и кога се во прашање најголемиот дел од ветувањата на СДСМ ова е премногу далеку од исполнување. Тоа барем го покажаа податоците и бројот на младите кои се иселиле од државата и сега за време на владеењето на СДСМ. Досега новата Влада нема реализирано ниту еден проект за младите, што како што велат самите млади е поразително за една држава.
Ќе ја нормализираме нашата земја, ќе ги вратиме институциите, ќе отвориме квалитетни работни места за да го вратиме овој моќен извор во земјата, младата популација, и заедно да ја градиме иднината на нашето општество, изјави Заев во октомври 2015 година.