Заев ветуваше здрава животна средина во Неготино, а сега им носи опасност од енормно загадување

СДСМ и Заев сè што допреа, уништија. Сега на ред дојде и Тиквешкиот регион, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Заев се дрзна да најавува во Неготино изградба на фабрика за согорување на отпад од речиси цела држава. А, токму пред четири години Заев на граѓаните од овој регион им ветуваше здрава животна средина, а сега им носи опасност од енормно загадување. Наведениот инвеститор кој го најавува Заев е од Луксембург, земја позната по оф-шор фирми со сомнително сопствеништво кое е сокриено за јавноста. Оф-шор компанија во комбинација со Заев е рецепт за корупција и еколошки злостор. Заев со оваа одлука ги загрозува животите и здравјето на граѓаните од Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман и соседните општини. Четири години Заеви ја уништуваат Македонија. Четири години власт на Заев, четири години украден живот. Доста е“, се вели во соопштението.