Заев: Владата е партнер на инвеститорите за нивниот бизнис

Потенцијалните инвеститори треба да го рализираат својот бизнис план, а Владата е нивен партнер кој ќе ги следи и помага, порача премиерот Зоран Заев во четвртокот откако со вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, одржаа прес-конференција на којашто го презентираа финализираниот План за економски раст. Премиерот Заев во своето обраќање истакна:

Овој нов економски концепт беше на увид на јавноста и достапен за коментари, забелешки и предлози повеќе од три месециа, истакна прениерот Зоран Заев кој оцени дека дебатата била многу корисна, и констатираше дека Владата добила финален документ, кој го опиша како сериозен план за раст во кој се интегрирани прифатените забелешки и предлози на експертите и на пошироката јавност.

„Врз основа на овој документ, Владата ќе изработи и предложи законско решение, кое ќе го уреди начинот на реализација на овој План на системски начин. Очекуваме тоа да биде завршено до крајот на февруари. Така, по поднесувањето на завршните сметки, од  март/април компаниите ќе можат да аплицираат за мерките и придобивките од Планот“, рече премиерот.

Заев е убеден дека спроведувањето на споменатиот план економски раст ќе овозможи одржлив развој на економијата.

„Како што најавивме, од 2018 година започнуваме процес за финансиска стабилизација и развој на економијата, како важни предуслови за подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани. За таа цел, со Буџетот за 2018 година определивме 3., милијарда денари, односно околу 50 милиони евра, за програмата за економски развој на нашата земја. Тоа претставува 46 отсто повеќе средствата за таа намена во однос на 2017 година. Дополнително, уште една милијарда денари се определени за активните мерки за вработување“, прецизираше Заев.

Со мерките за поддршка и развој на бизнисот и поттикнување на конкурентноста утврдени во Планот за економски раст, продолжи премиерот, се планира да се раздвижи економската инвестициона активност.

„Создаваме здрава економска основа за развој на фирмите, за да бидат конкуренти и на домашниот и на странски пазари. Како резултат на тоа, уверени сме дека проекциите за предвидениот раст на бруто домашниот производ од 3,2 отсто за 2018 година се реални и остварливи“, оцени Заев.

Мерките во Планот за економски раст се систематизирани во три столба и гледани во целина, со нив се воведуваат повеќе значајни новини за поддршка на компаниите, што треба да доведат до остварување на зацртаните цели, појасни Заев.

Прво, се воспоставува еднакви услови за инвестирање за домашните и странските инвеститори, кои ќе важат еднакво и во ТИР зоните и надвор од нив. Новите инвестиции, без разлика на земјата на потекло на инвеститорите, се база на Планот за економски раст. Сите компании формирани во Република Македонија се македонски компании, затоа кон нив Владата има потполно еднаков пристап.

Второ, условите и критериумите за поддршка се транспарентни. Со тоа, целосно се отстранети можностите за дискриминаторско, тајно или нефер одлучување. Секој инвеститор, со исполнување на основни и други соодветни критериуми, самостојно ќе избира пакет на мерки којшто најмногу одговара за неговата инвестиција, со цел најефикасно да ги искористи поволностите и поддршката што му следува.

Трето, Владата дава поддршка за зголемување на соработката меѓу домашните и странските компании. Ја поттикнува соработката меѓу домашните и странските компании преку два паралелни процеси: преку финансиска поддршка на странските инвеститори за користење полупроизводи и услуги од македонски фирми, а од друга страна, ќе ги јакне и капацитетите на домашните компании, за да се развиваат, да ги зголемуваат своите капацитети и да ги достигнат потребните стандарди за да станат кооперанти на странските компании во државата.

Четврто, многу важен фокус на поддршката, како што појасни Заев, се става на микро, малите и средните претпријатија, за кои рече дека се двигатели на економијата и ќе биде искористен потенцијалот што тие го поседуваат.

Владата, како петтат точка што ја наброи премиерот, дава поддршка и за повисоки плати.

„Ова, меѓу другото, е и план за пораст на платите, како еден од двигателите на економскиот раст. Со покачувањето на минималната плата е направен првиот чекор за отворање на спиралата на пораст на платите – што гледаме дека веќе почна да се случува. Со Планот за економски раст дополнително стимулираме и помагаме исплата на повисоки плати и вработување на високо квалификувана работна сила и кадар“, рече Заев

Како шесто, со Планот теба да се се отвораат и нови работни места, затоа што Владата креирала мерки со коишто државата финансиски ќе им помага на компаниите да отвораат нови, подобро платени работни места, а тоа ќе води кон натамошно намалување на стапката на нвработеност.

Седмо, се дава поддршка и за воспоставување центри за истражување и развој. Односно, како што уверува премиерот Заев, првпат во историјата на Македонија, се прават сериозни напори да се поттикне развојот на компаниите преку научна истражувачка дејност со државна поддршка за воспоставување на истражувачки центри во рамки на самите компании. За оваа мерка, Заев изрази уверување дека на тој начин домашните компании ќе се развиваат по новите современи трендови и стандарди што ќе придонесе кон технолошки развој на стопанството и нови иновации.

Како осми пункт од планот, се дава поддршка и за технолошки развој и иновации. Односно, се планира успехот на економските политики да се темели и врз технолошкиот развој и иновациите. Целта е домашните компании да применуваат современи и модерни технологии и знаења за да станат компетитивни и да освојуваат странски пазари.

Деветто, посочи Заев е пораст на конкурентноста, бидејќи се создава предвидлива економска клима со којашто Македонија забрзано фаќа чекор со технолошки развиените земји. Целта е да земјата да се приружи на развиените држави во користење нови технологии, во лансирање ови производи и услуг и, во крајна линија, македонските компании да ја зголемуваат својата конкрентност во регионот, во Европа, во светот.

„Македонија има потенцијал, има политичка волја, има знаења и ресурси да биде сериозен генератор на домашниот, но и на регионалниот економски развој. Создаваме мостови на пријателство со нашите соседи и работиме на зголемување на економската соработка. Тоа претставува наша заедничка цел и работиме во тој правец. Затоа почитувани граѓани, потенцијални инвеститори, преземете чекор, охрабрете се, реализирајте ја вашата идеја и бизнис план. Вашата земја преку вашата влада ќе ве следи и помага. Директна поддршка ќе добиете сите, ќе бидеме ваш партнер. Одлична е 2018 година за храбри одлуки“, порача Заев.

Премиерот притоа истакна и дека паралелно со мерките од Планот за економски раст, Владата работи и на уште неколку, како што оцени, значајни аспекти, и тоа поголема реализација на капиталните инвестиции.

„Работиме на унапредување на инфраструктурата: патна, железничка и енергетска. Инфраструктурните вложувања ќе се вратат со многу голема придобивка за бизнис заедницата и за граѓаните. Ќе инвестираме и во училишта, болници, во нови водоводи и канализации, во депонии и пречистителни станици за води“, конкретизираше премиерот.

Покрај тоа, Владата подготвила и сеопфатна програма за подобрување на опкружувањето за деловно работење. Според оваа програма, Македонија ќе биде препознавана како пријателска земја за бизнис, во што значаен придонес ќе имаат и мерките за прилагодувања на образовниот процес и на програмите на факултетите кон потребите и барањата на стопанството.

„Со Планот за економски раст ќе развиваме економија којашто се создава на здрави основи, а придобивките од тој економски раст ќе бидат достапни за сите! Економски раст за граѓаните, економски раст за стопанство, економски раст на Република Македонија“, заклучи премиерот Заев.