Како што истакна преиерот, граѓаните „веќе добро знаат“ дека тие ги избираат лидерите и дека „учествуваат во обликувањето“ на политиките во општеството, како и дека е развиена е политичката култура, а „владите веќе не го држат монополот“ на донесување одлуки.
„Довербата и односите со граѓаните, граѓанскиот сектор и бизнисот се од суштинско значење за да се испорачаат ефективни политики, но тоа не ги ослободува владите од одговорност“, потенцираше Заев во обраќањето.
Според него, реформите се неопходни, но нивното спроведување не е лесно.
„ Наспроти големите очекувања на граѓаните, нужни се краткорочни, некогаш непопуларни одлуки кои мора да се донесат, но мора да бидат и јасно, прецизно аргументирани. Такво беше носењето на мерката за повисока минимална плата. Така е или ќе биде и во многу други области, за што е неопходна поддршката од граѓаните“, рече Заев.
Одредени политичари, продолжи премиерот, во претходните години избраа политика којашто „дели и разединува“, наместо политика што создава доверба. Само Македонија со различности, оцени Заев, ќе биде стабилна и просперитетна.
Осврнувајќи се на вчерашната посета на Брисел, Заев рече дека Македонија „блеска во очите“ на Европската унија што значи и голема одговорност.
„Исправени сме пред 2018 година во која по 12 години чекаме датум за почеток на преговорите. Убеден сум дека ако внимателно се однесуваме и посветено работиме, Македонија и тоа како го заслужува местото во меѓународните организации“, потенцирапше Заев.
Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби, на истата трибина рече дека Македонија не смее да „импровизира демократија“.
„Нема демократија ако се контролира судството, ако се контролираат медиумите и граѓанскиот сектор, ако вработувањата се по партиски клуч. Ни треба обединета, една Македонија, сон, наместо несоница, чекор напред, а не во празно и назад. Ни треба Македонија исправена кон иднината“, рече Груби додавајќи дека изборите од 11-ти декември значи „втора шанса“ која мора да се искористи.
На конференцијата, панелисти се вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и националниот координатор на НАТО, Стево Пендаровски. Учествуваат професори, студенти, граѓански активисти и политичари.