
Со цел деблокада на Парламентот, Заев посочи дека сите опции се на располагање, од средби на координатори на пратенички групи па се до лидерска средба и вонредна состојба, како што нагласи, „за да се ослободат институциите да носат одлуки што се од животно значење за нашиот народ“.
-Утре ќе ја направам консултацијата, дали во Собранието, дали во Клуб на пратеници, сакаме да најдеме решение. Опозицијата кажа причини за блокирање. За албанската опозиција тоа е Законот за државјанство. Сите сме за Закон за државјансто, и македонската опозиција и македонската владејачка партија и албанските владејачки, сите сме. Треба да го најдеме начинот според европски стандарди и принципи и механизми. Да ги најдеме доказите како да им дадеме државјанство на тие наши граѓани, рече Заев.