Заев за Гинис: Пад на рејтингот за 30 отсто за 4 месеци

За речиси 30 отсто паднал рејтингот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за само 4 месеци. Ова го измери Меѓународниот републикански институт (IRI) во последното истражување во Република Македонија врз репрезентативен примерок.

Додека рејтингот на премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски, според анкетата на ИРИ, изнесува 18 %, исто како и на претходната анкета, рејтингот на Зоран Заев падна од 7% на 5% или околу 29% е намален во однос на јунската анкета.

Со ваквиот пад, актуелниот лидер на СДСМ Зоран Заев се приближи до рејтингот кој го има поранешниот прв човек на СДСМ кој во моментов е далеку од очите на јавноста. Според анкетата на ИРИ, Бранко Црвенковски има рејтинг од 3% и практично заостанува еден процентен поен зад Зоран Заев.

zaev-ginis-2

Порталот „Курир“ пишува дека ваков драматичен пад на рејтингот за така кратко време, како падот на Зоран Заев е тешко да се пронајде за да се направи соодветна споредба. Единствено сличен пад во популарноста има поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко. За да биде поголема коинциденцијата, падот во рејтингот на Тимошенко е регистриран токму на испитување на јавното мислење од страна на ИРИ.

zaev-ginis-3

На прашањето „Какво е вашето мислење за следните политичари?“, во 2014 година 34% од анкетираните се изјасниле позитивно, додека годинава процентот на анкетирани кои имале позитивно мислење за неа паднал на 24. Разликата во однос на драматичниот пад на Заев е во тоа што рејтингот на Тимошенко тонел во период од една година, а тој на Заев за само четири месеци.

Дали е Зоран Заев македонската Тимошенко? На ова прашање повеќе аналитичари не можеа да изведат чиста аналогија. Факт е дека корупциски афери се провлекуваа и зад Зоран Заев и зад Јулија Тимошенко, но сосем е поинаква политичко-безбедносната ситуација во Македонија и Украина за да може да се направи класична споредба. Според нив, од јуни наваму Зоран Заев направи неколку поголеми грешки кои влијаеја на драстичниот пад во неговиот рејтинг.

zaev-ginis-4

Фотографирањето во Диво Насеље и манипулирањето со полициската акција, обидот преку сопствената ќерка на мала врата да се промовира албанскиот јазик на целата територија, несериозноста и лагите околу посетата на Израел, како и лошите, непрофесионални и неискусни кадри поставени како министри во МВР и МТСП, но и замениците во останатите ресори, веројатно влијаеја на тонењето на Заев. Можно е на падот да влијаеле и ставовите за федерализација на експонентите на СДСМ како Бранко Героски и Љубомир Фрчкоски. Сепак за точно да се утврди потребни се сите параметри од истражувањето, пишува „Курир“.

zaev-ginis-5

Порталот понатаму нагласува дека е индикативно тоа што ниту еден медиум близок на СДСМ не го објави овој дел од анкетите. Почнувајќи од Телма, 24 вести, Плусинфо и сите портали под капата на Сорос, во четвртокот објавуваа информации за одредени прашања од анкетата на ИРИ, а во петокот, како под закана, ниту еден од овие медиуми не пренесе ништо во однос на мерењето на политичкиот рејтинг од страна на ИРИ.

zaev-ginis-6

Дури и да сакаа да го покријат падот на рејтингот на Зоран Заев, во тоа не успеаја. Со обидот за прикривање не му направија услуга ниту на Заев, ниту на членството на СДСМ, а уште помалку на целокупната јавност. Јавноста ги знае резултатите, а тие говорат дека ВМР ДПМНЕ е во водство 24:12 во однос на СДСМ.