Останува, навистина целосно да се согласам и да го споделам исто моето задоволство, заедно со Претседателот на државата, што учествуваме, дефинитивно во најголемата воена вежба „Одлучен удар“, која што се организира на еден од најдобрите полигони во овој дел од светот. Со тоа покажуваме еднаквост во Партнерството со нашите сојузници, со земјите-членки на НАТО, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, кој денеска го посети армискиот полигон Криволак, каде се одржа „Ден на високи гости“ во рамки на вежбата „Одлучен удар“, соопштија од Владата.
Тој нагласи дека е горд на сите наши војници, заради тоа што имаат и желба да се усовршуваат и унапредуваат.
Знам дека ќе ги исполниме сите оние наши очекувања, да имаме достоинствена и горда Армија, која што, рамо до рамо со нашите сојузници, ќе се грижи за мирот во светот и ќе продолжи да го гарантира мирот во светот. Денешното учество на претставници на нашата Армија со претставници на уште пет земји-членки на НАТО навистина ја испраќа пораката дека сме подготвени не само политички, туку и воено преку нашата Армија.
„Една година од Преспа, прво, добивме нов пријател. Не, дека со Грција имавме некои сериозни непријателства, но навистина беше чувството лошо, горко, кога бевме застанати во нашите интегративни процеси. Еве после една година, првите придобивки ги гледаме како импликации на оваа вежба, како наша подготовка за целосно членство во НАТО. Тоа е остварување на една од големите стратешки цели на нашата земја, на целиот овој регион, на Република Северна Македонија која што не пред векови, туку пред 17-18 години имаше конфликти внатре. Сега тоа значи траен мир, стабилност, безбедност и сигурност. Гледате дека паралелно со тоа ги тераме сите процеси во Европската Унија и ние сме пред добивање на датумот, после 15 години за почеток на преговори со Европската унија. Сето тоа носи економија, носи повисок стандард, бројките се веќе импресивни, тие растат и ќе продолжат да растат. На крајот, доказ е сето тоа како еден сублимат“, истакна Заев.