Заеви донираа амбулантно возило и медицинска опрема на струмичката болница

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче денеска му го предаде амбулантното возило на директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов, кое го обезбеди компанија на семејството на Заеви. Покрај амбулантното возило, друга компанија на Заеви донираше механички кревети, шкафови и друга опрема за новиот крак на струмичката болница.

Заев рече дела фирмата „Еленица“ од Струмица, која е во сопственост на неговото семејство донирала 1.250.000 денари опрема од домашната компанија „Брако“, која ја купи „Еленица“.

– Донирани се механички кревети, шкафови и се што е потребно како материјал, а фирмата „Тотал инженеринг“, која е што во сопственост, исто така, на моето семејство, денеска го донираше ова прекрасно возило со симболите и боите на македонското знаме. Возило кое што е од 2015 година, целосно е во исправна состојба, децении ќе ги служи граѓаните – рече Заев.

Тој и министерот Филипче го посетија новото крило на струмичката боница, кое сега е резервен капацитет за ковид-пациенти.

Струмичката болница покрива регион од околу 200 илјади жители од општините Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Берово, Радовиш, Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.