
Ако меѓународната заедница и мисли барем најмалку добро на овој народ и оваа земја, најмалку што може да направи е јасно и недвосмислено да ја отфрли албанската платформа која ги загрозува државните и националните интереси, порача кон меѓународната заедница, актерот и водител, Васил Зафирчев.
-Во спротивно, лажен ќе биде космополитизмот на кој почива Европската демократија, лажни ќе бидат демократските права и слободи на кои се повикуваат и исто толку лажен ќе биде граѓанскиот концепт на општество кој го застапуваат, истакна Зафирчев.
Потсети дека Македонија не е влезена во Европската Унија и НАТО иако ги исполнува сите услови, се уште не е нивна полноправна членка.
– Македонија, храбро, одлучно, посветено, макотрпно и чесно ги исполнуваше сите услови за нејзината евроинтеграција. Единствената причина заради која оваа наша земја се уште не е полноправна членка на ЕУ и НАТО е непризнавањето на нашето име и идентитет. Тоа е вистината, и тоа го знае меѓународната заедница, посочи актерот.
Категоричен е дека молкот не е опција на граѓаните на Македонија, како што не е ни опција, вели Зафирчев, апсурдот во кој не држат со децении.
-Овој народ на улиците на Македонија нема да дозволи, молчешкум и на мала врата, дури и под знамето на ЕУ да се прекројува судбината на Македонија. Нема да дозволиме редефинирање на државата, и нема да дозволиме изигрување на волјата на мнозинството Македонци кои што живеат на територијата на РМ. Љубовта кон оваа земја и чувството на припадност на овој народ се нашето најсилно оружје, порача Зафирчев.