Моја одредба е што повеќе хуман простор да има во Карпош, знаеме што се случи со дивеењето и урбанизацијата која што излезе од контрола. Така да навистина треба да се размисли малку до каде се ова ќе оди. Бидејќи долго време работам на темата климатски промени и аерозагадувањето и се гледаме дека се повеќе данок зема климатските промени, особено аерозагадувањето кој што знаеме дека во зимските месеци Скопје може да биде меѓу првите најзагадени градови во светот“, истакна Оливер Зафировски, кандидат за градоначалник на општина Карпош во дебатната емисија на МРТВ.
Зафировски додаде дека во еден дел во Карпош има голем број на згради и сето тоа доведува до немање на паркинг простор и поголема загаденост. А, зелените површини воопшто ги нема.
„Поради лошото раководење со општината во последниве четири години можеме да забележиме дека зеленилото во Карпош исчезнува. Карпош се повеќе заличува на пустина“, нагласи Зафировски.
Посочи дека тој и неговиот тим биле во месната заедница Бардовци каде што може да се забележи дека има хуман начин на живеење, со куќи, простор за движење.
„Приоритет за мене е здравјето на граѓаните, здравјето на повозрасната група на луѓе и секако спортот и културата на кое што ние заборавивме. Ветуваме дека во прв момент од моето доаѓање како градоначалник ќе земам да ја обновам спортската сала „Партизан“ која што со години и години стои руинирана“, вети Зафировски.
Рече и дека треба да се посвети на спорт, култура, а не на урбанизација. Време е да се каже „стоп“ на урбанизација во Карпош.