Загаден воздухот во сите скопски општини, најмногу во Лисиче

Нивото на загадување во сите скопски општини во изминатите 24 часа било над дозволеното, покажуваат мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Според мерните станици, најголема загаденост во изминатото деноноќие е забележано во Лисиче, каде во саботата во 18 часот биле измерени 486 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

Во општина Центар, во 9 часот биле измерени 112,6 микгрограми на метар кубен ПМ10 честички. Во остатокот од денот концентрациите се движеле од 70 до 105 микрограми.

Мерните станици во општина покажуваат дека во саботата најзагадено било во периодот од 15 до 18 часот, кога станицата регистрирала највисоката вредност од 140 микгрограми.

Нивото на ПМ10 честичките во општина Карпош вчера се движеле од 70 до 168 микрограми. Најзагадено било утрото, кога во осум часот биле регистрирани концентрации од 168 микрограми.

Проблеми со загадувањето измиантие 24 часа се регистрирани и во Битола, Велес, Тетово, Кичево, Куманово и Кочани, каде во 18 часот се измерени 224 микрограми ПМ10 честички.