Загадениот воздух ги наполни болниците

Алармантната загаденост на воздухот во Скопје за време на продолжениот празничен виденд го зголеми бројот на пациенти со респираторни проблеми.

Телевизија Сител објави дека загаденоста во комбинација со вирусите ја наполниле детската болница во Козле. Таму деновиве биле хоспитализирани 85 деца со компликации. А секој ден во дежурните амбуланти прегледувале по стотина болни деца. Слична била состојбата и на Клиниката за Детски болести.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 85 деца и 50-тина мајки. Ова е поради периодот на вируси, го очекуваме и грипот и секако поради последиците и симптомите од загадувањето.

Воздухот во Скопје и денеска е загаден над дозволеното. Највисоки концентрации на ПМ10 честички повторно има во Лисиче 187 микрограми на метар кубен, Ректорат 173, Центар 107, Гази Баба 104, Карпош 92.

Највисоки концентарции на ПМ2,5 честички има во Карпош 64 и Центар 54 микрограми на метар кубен.

Во другите градови највискои концентрации на ПМ10 честички се измерени во Битола 135 микрограми на метар кубен, Кочани 126, Кичево 117, Тетово 109 и Кавадарци 87.

Највисоки концентарции на ПМ2,5 честички во другите градови се измерени во Битола 127, Тетово 106 и Куманово 57 микрограми на метар кубен.