Загаденоста на воздухот во скопската населба Лисиче и во градот Куманово е екстремно висока и претставува опасност по здравјето на граѓаните.
Синоќа во Лисиче концентрацијата во воздухот со ПМ10 честичките беше над 300 микрограми на еден кубен метар, од максимално дозволените 50.
И Кумановци вo вторникот дишеа премногу загаден воздух каде се измерени 220 мг/м3.
Иако во овие населени места синоќа беше најзагадено, воздух опасен по здравјето дишат граѓаните од повеќе скопски населби и поголем дел од градовите.
Токму аерозагадувањето придонесе да се наполнат болниците со пациенти кои се жалат на болки во грлото, кашлица. Зголемен е и бројот на деца со бронхопневмонии. Поради ширењето на загадениот воздух според податоците на Институтот за јавно здравје годишно умираат над 1000 луѓе.
Додека беше опозициска партија СДСМ жестоко ја критикуваше претходната влада поради загаденоста на воздухот. Во предизборието главното ветување кое Заев и сопартијците им го даваа на граѓаните е чист воздуг. СДСМ е на власт веќе 6 месеци, а загаденоста достигнува рекордни размери. Од “чистиот воздух“ -ништо.
Наместо конкретни мерки, централната власт молчи, а локалната власт препорачува граѓаните да си седат дома. Градоначалниците на Град Скопје и општина Карпош, Петре Шилегов и Стефан Богоев од СДСМ, мандатите ги започнаа со сечење на дрва.