
Во саботата вечерта загаденоста на воздухот е на високо ниво, поради што експертите предупредуваат дека е опасна по здравјето и се препорачува да не излегува на отворени простори.
Загадено е низ цело Скопје, но особено алармантно е во Лисиче. Таму е три пати позагадено од дозволениот максимум! Граѓаните коментираат дека “буквално не се дише“ надвор. Загаденоста е опасна и најголем дел од нив одлучуваат да останат дома наместо буквално да ризикуваат со своето здравје и да бидат сега надвор.