Повеќекратното над нормалното ниво загадување на воздухот ширум земјата, мора да биде итно решенм, бараат граѓаните загрижени за своето и здравјето на своите блиски.
Скопските општини Карпош, Центар, Ректорат, но и дел од другите општини во Мекедонија, како Кичево, Струмица, Гостивар и Кочани се дел од градовите во кои ноќта кон неделата по полноќ беа регистрирани висока концентрација на отровни честичкиво воздухот.
Покрај тоа што по полноќ нема зголемен сообраќаен метеж во Карпош беа измерени дури 348 пм10 честички, Центар 341, додека пак Ректорат 309 пм10 честички на метар кубен.
Но ништо подобро не беше ниту на Водно, каде што и покрај ветерот и дождот кој падна вчера беа измерени рекордни 348 пм10 честички.е
Граѓаните од Петре Шилегов очекуваат што побрзо да го исполни своето предизборно ветување, а тоа е дека првиот ден ќе го ослободи Скопје од загадениот воздух. Податоците објавени на страницата „Ер Вижал” покажуваат аларамантни податоци дека и синоќа и денес Скопје бил најзагаден град во Европа, а петти по загадување во светот.