![gruevski_pismo_nato_g-copy](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/gruevski_pismo_nato_g-copy1.jpg?resize=640%2C480&ssl=1)
Сите студенти на додипломски или постдипломски студии за старотурски јазик, за што во тек e оглас за стипендирање, ќе добијат вработување во една од трите институции – Државниот архив, Институтот за национална историја и во МАНУ, веднаш по завршување на студиите, порача денеска премиерот Никола Груевски.
Огласот за доделувае на 20 стипендии за изучување на овој јазик на различни странски универзитети, завршува на 15 август.
Потребата од преведували на старотурски јазик, пред се’ ја наметнува фактот што голем број документи, записи и архивски податоци на територијата на земјава се запишани на овој јазик, и не се доволно проучени.
„Во Македонија постои недостиг на луѓе што го познаваат старотуркиот јази. Се работи за неколкумина во земјава. Идејата тргна од тоа што во Македонија постојат многу неистражени архивски материјали напишани на старотуски јазик од осламнслискиот период кои не се анализирани, преведни или обработени, а се потенцијал за македонската историска наука. Овие стипендисти освен во земјава ќе може да истражуваат и во архивите на други држави, на пример во Турција. Се работи за еден период кој не е доволно истраже , од оваа причина. Сите овие лица имаат однапред загарантирано вработување во една од трите институции, Државнио архив, Институтот за нациолн истроија и во МАНУ. Веднаш ќе бидат вработени по завршувањето.