Загина 21-годишно момче, уште две лица со тешки повреди во сообраќајка на патот Прилеп-Битола

На 08.07.2024 во 15.48 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, на излез од Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.И.(58) од Кавадарци, патничко возило „рено 5“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(21) од Прилеп и патничко возило „рено меган“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(39) од Ресен.

На местото на несреќата од здобиените повреди починал С.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Возачот на товарното возило К.И. и неговиот сопатник З.П.(48) од Кавадарци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.