Бразилските власти соопштија дека во сообраќајна несреќа, загинала аргентинската спортска новинарка, Марија Соледад, која известуваше од Мундијалот.
Тричлената новинарска екипа се враќала дома по натпреварот помеѓу Аргентина и Швајцарија, кој се одигра во Сао Паоло, кога возачот загубил контрола и излетал од патот.
Дваесет и шестгодишната Марија во тој момент испаднала од автомобилот и починала од здобиените повреди, додека нејзините двајца колеги биле повредени, но не се во животна опасност.
Новинарите патувале од Сао Паоло, каде што Аргентина во вторник извојува победа над Швајцарија и се пласира во четвртфиналето.
Поради смртта на младата новинарка, аргентинаската репрезентација ја откажа последната прес конференција.
„Марија беше млада девојка полна со живот. Играчите исклучително ја почитуваа и поради тоа сите тешко ја примија веста за нејзината смрт“, изјавил генералниот секретар на Аргентинската фудбалска федерација, Хуан Карлос Креспи.
Младата новинарка е ќерка на еден од најпознатите аргентински спортски новинари Мигел ’Титио’ Фернандез, која за националната телевизија известува од СП.