Загина багерист во Гостиварско

Багерист загина во несреќен случај, вчера во гостиварското село Беловиште, информираше МВР.
Според полицијата, во несреќата настрадал А.Р.(46) од село Лакавица.

Несреќата се случила околу 14 часот додека А.Р. поправал работна машина-багер. Во еден момент тој бил фатен во пределот на градите помеѓу двата подвижни дела, по што починал на самото место.
Од страна на лекар во Медицинскиот центар во Гостивар била констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар како и трудов инспектор од Државниот инспекторат за труд.

По Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.