Загина бебе во сообраќајка на патот Струмица – Ново Село

Вчера околу 12.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40-годишната В.Д.Т. од село Стиник, Општина Ново Село, излетало од коловозот, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобиле В.Д.Т. и сопатничката С.Т.(49) од село Доброшинци, струмичко. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица“, наведено е во полицискиот билтен.