Загина бремена жена во Подгорица

Марија Мандиќ-Вангуфер која била во седмиот месец од бременоста почина во трагична сообраќајна несреќа во Подгорица.

Докторите не успеале да го спасат ни бебето.

До страшниот судир дошло кога 31-годишната жена сакала со својот автомобил да премине од магистралниот пат на паркинг.

Зад неа возело момче со „Ауди 6“, удрило во автомобилот „Сузуки“.

За време на несреќата, во автомобилот со Марија бил и нејзиниот сопруг Иван кој е тешко повреден.