![soobrakajka nesreka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/soobrakajka-nesreka.jpg?resize=696%2C416&ssl=1)
Во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила меѓу патничко возило и камион близу Битола, кај местото викано „Кукречанска раскрсница“, има жртва.
Сообраќајот на регионалниот патен правец Прилеп – Ресен е во прекин, потврдија од СВР-Битола.
Се очекува во текот на денот детална информација за причините за тешката сообраќајна несреќа.