Возач на камион го загуби животот за време на работни активности во каменолом.
Како што се наведува во полицискиот билтен:
На 02.07.2020 во 20.50 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот, М.Љ.(41) од с.Сопот, кумановско, вработен во каменолом, пријавил дека при извршување на работи во каменоломот, П.С., возач со товарно возило „мерцедес бенз актрос“ – кипер, со скопски регистарски ознаки, паднал во ископ. Од лекар од Итна медицинска помош Куманово кај П.С.(57) од Куманово била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Куманово, во присуство на трудов инспектор. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.