
Каскадерка загина на снимањето на вториот дел од филмот “Deadpool” во Ванкувер при изведување сцена со мотор.
Полицијата потврди дека станува збор за жена и не откри повеќе детали за несреќата.
Премиерата на “Deadpool 2” e закажана за јуни 2018, а главната улога ја толкува Рајан Рејнолдс.
Рејнолдс на својот твитер налог изрази длабоко сочуство за загубата на членот од екипата.