Загина Ларс Вилкс, автор на контроверзните карикатури за пророкот Мухамед

Шведскиот карикатурист Ларс Вилкс, кој живееше под постојна полициска заштита поради смртните закани кои ги диобиваше откако во 2007 година беше објавена негова илустрација на пророкот Мухамед, загина во неделата во сообраќајна несреќа.

Седумдесети ипетгодишниот Вилкс и двајца полицајци ги загубиле животите во судар со камион кој доаѓал од спротивниот правец, соопшти шведската полиција.

„Овој слулчај се истражува како и секоја сообраќајна несреќа, но поради загинувањето на двајцата полицајци истрагата е проследена до специјалниот оддел на канцеларијата на обвинителството“, изјавил портпаролот на полицијата.

Додал дека засега нема назнаки коишто би упатувале на тоа дека станува збор за убиство.

Вилкс беше под полицска заштита од 2007 година, кога неговата карикатура на пророкот Мухамед предизвика згрозување и гнев во муслиманскиот свет, каде што секое прикажување на пророкот се смета за навредливо и богохулство.

Џихадистичката терористичка мрежа Ал Каеда тогаш понуди 100.000 американски долари за негово убиство.

Две години по објавувањето на карикатурите во данскиот дневен весник Jyllands-Posten, Ларс Вилкс повторно потпиша карикатури ан пророкот Мухамед прикажан како „остар пес“, а на една од карикатурите на кучето е процврстен натпис со пораката „ислам се човекови права и права на животните“.

Смртните закани станаа сѐ позачестени, а во 2009 гдина Американската Колин ЛаРос, или попозната како „Џихад Џејн“, планираше да регрутираисламисти за да го убијат, но прет тоа во октомври таа година беше уапсена.

Во јуни 2010 годиа карикатуристот доби силен удар со тупаница во главата во текот на дискусија за слобода на говорот на универзитетот во шведска Упсала.

Во септември 2011 година стотици лица беа евакуирани од зградата во Гетеборг каде што се одржуваше Биеналето на модерната уметност, бидејќи полицијата имала цврсти сигнали дека Вилкс ќе биде нападната. Во полициската акција тогаш беа упасени четири лица.

Животот под постојана полициска заштита, Вилкс го прифати како нужност.

„Настојувам да ја задржам ладнокрвноста. Добрата страна е дека луѓето коишто ме прогонуваат се слабо обучени, аматери. Не сум никавко фанатичен расист, не сум политички определен. Јас сум само уметник кој ги испитува границите, кој бара што можеме да сториме а што не, и за тоа да водиме дискусии“, изјави Вилкс пред 11 години за AFP.

Споре него, „важно е, доколку сакаме да зборуваме за слободата на изразувањето, како и исламот и муслиманите, да се има вистински став, нешто доволно провокативно и полемично за да можеме да предизикаме расправа“.

На денот кога беше нападната редакцијата на парискиот сатиричен весник Charlie Hebdo, исто така, поради провокативното објавување на карикатури со пророкот Мухамед и во кој имаше жртви, Вилкс за регионалниот дневени весник Helsingborgs Dagblad изјави дека е многу тажан.

„Не можеме да се откажеме од слободата на истражувањето. Нападот во Парзи, за жал, е карактеристичен за времето во коешто живееме“, рече тогаш Вилкс.

Еден месец подоцна, на 14-ти февруари 2015 година, Вилск преживеа вооружен напад на конфренција за исламизмот и слободата на говорот во Копенхаген, но 55-годишниот дански режисер Фин Норгард загина. Напаѓач и убиец беше млад Палестинец кој потоа уби и Евреин пред синагогата во данската престолнина.