Дваесет и тригодишниот напаѓач на францускиот фудбалски фроролигаш Гинган, Натаел Жулан, го загубил животот во сообраќајна несреќа, објави клубот во петокот.
„Гинган тагува. Со голема болка дознавме дека загина нашиот играч Натаел Жилан“, објави клубот
Француските медиуми пишуваат дека Жулан загинал кај местото се Пордик, кога играчот враќајќи се дома по тренинг загубил контрола над својот автомобил во кој бил сам.
Жулан кариерата ја започна во родниот Л’Авр за кој дебитираше во 2015 година во втората француска лига. Во јануари 2018 година мина во Гинган и тогаш имаше 10 настапи во првата француска лига, а во вториот дел од минатата сезона беше позајмен на Валенсианс. Откако Гинган лани го загуби прволигашкиот статус, Жулан се врати во овој бретоснки клуб.