![motorcikl soobrakajka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/motorcikl-soobrakajka.jpg?resize=696%2C453&ssl=1)
На 18.06.2023 околу 15:20 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – с.Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот.
Во несреќата А.С. загинал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Делчево.