Загина пешак на магистралниот пат Штип – Радовиш

45 годишниот М.Р. преминувајќи го коловозот  налетал автомобил марка Фиат Темпра, со штипски регистарски таблички, управуван од 48 годишниот Б.Г., жител на штипското село Лакавица.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди. На пат кон штипскиот Клинички центар, прегазениот им подлегнал на повредите. Увид на местото на несреќата извршил дежурен Јавен Обвинител, како и екипа на Крим техника на штипската полиција.

Резултатот од извршениот алко тест на возачот бил негативен. Телото на починатиот е дадено на обдукција, а против сторителот на несреќата, надлежните истражни органи ќе поднесат соодветен поднесок.