Бекот на американскиот фудбалски прволигаш Шарлот, 26-годишниот Антон Волкс загинал во поморска несреќа во Мајами, соопшти неговиот клуб.
Волкс смртно настрадал во сударот на два чамца во водите пред стадионот „Мајами Марин“. Весникот The Miami Herald извести дека фудбалерот бил пронајден во бесвесна состојба и веднаш бил префрлен во болница каде што му е пружена помош, но неуспешен бил обидот за реанимација.
„Антон луѓето околу себе ги правеше подобри во сите области од животот. Го преставуваше Шарлот според највисоките стандарди, како на теренот, така и надвор од него. На многумина ќе им недостасува, а нашите мисли и молитви се со семејството на Антон во овој тежок момент“, изјави сопственикот на клубот Дејвид Тепер.
Волкс кариерата ја започна во лондонски Тотенхем, а потоа во американската лига од 2017 година настапуваше за Атланта Јунајтед и Порстмут, пред минатата 2022 година да потпише за Шарлот.