Работник на градежната компанија „Гранит“, Златко Г. починал во клиничкиот центар во Бања Лука, од изгореници од струен удар, добиени во неделата, при изградба на патот Прњавор- Добој, јавува српски Курир.
Повредите опасни по живот, работникот ги добил кога кревал приколка на камион, која допрела жици на далновод, при што избувнал пожар.
Македонскиот работник бил приклучен на апарати за дишење, но, не успеал да се избори со тешките повреди и починал синоќа, околу 23 часот.
Началникот на општина Прњавор, Синиша Гатариќ, вчера ја обвинил владата на Република Српска и јавното претпријатие „Путеви РС“, дека се одговорни за несреќата, неведувајќи дека патот се гради без главен проект и градежна дозвола.
„ Да имаш главен проект, сигурно во него некаде би пишувало или би било назначено дека постои електричен води сигурно дека овој несреќен работник не би истурал на тоа место материјал“, изјавил Гатарчиќ.
Тој истакнал дека на местото на несреќата воопшто не постои знак за висок напон.