Загина работник од Албанија

Работник од Албанија загина додека собирал дрва, вчера в Струшко, информираше МВР.
Според полицијата, несреќата се случила околу 13 часот на местото викано „Гропа“, атар на село Франгово.

Тогаш врз Б.Х.(36) од Албанија, додека собирал дрва, паднало дрво. Од ударот тој добил со повреди на главата, по што неговите другари го однеле во село Мали Влај. Таму од страна на медицинска екипа бил направен обид за реанимација, но не покажувал знаци на живот.

Подоцна во Медицинскиот центар Струга била констатирана смрт. По Наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.