Работник во погон во фабриката „Макстил“ го загубил животот утрово во несреќа додека извршувал работни задачи. За смртниот случај известија од „Макстил“.
– Би сакале да ја информираме јавноста дека денеска во утринските часови се случи несреќа во производствениот погон на Макстил каде животот го загуби наш вработен. Веднаш беа алармирани сите надлежни служби кои направија записник од настанот и е започната истрага за причините за несреќата, се вели во соопштението од компанијата.
Од Макстил велат дека ги отстапуваат сите човечки и материјални ресурси, за помош во истрагата за откривање на причините за оваа несреќа.