Загина тракторист во Матејче

Б.И.(56) од с.Матејче, управувајќи трактор „урсус“, без регистарски ознаки, на локалниот пат во селото удрил во ѕид и се превртел.

Б.И. бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде од лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Куманово.