На регионалниот пат Струга-Охрид, денеска околу 17 часот се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил „Пежо“ со охридски регистарски таблици и велосипедист. Велосипедистот починал на лице место.
Полицијата на местото на настанот изврши увид. Дали намалената видливост која е од невремето кое го зафати овој регион е причина за несреќата, сеуште не се знае.