Загина возач на „југо“ во Кичевско

Жител на кичевското село Козица загина во судир на автомобили, вчера на регионалниот пат Кичево-Битола, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 15.15 часот кај село Видрани. Тогаш се судриле автомобил „југо“ што го управувал од К.П.(54) од Козица и џип „лада нива“ со охридски регистарски ознаки управувано од В.П.(69) од село Другово.

По судирот К.П. со возило на Итна медицинска помош од Медицински центар Кичево бил препратен кон Скопје, но по пат му се влошила состојбата и починал во Медицински центар Гостивар. На сопатничката од „ладата“ Р.П.(68) од Другово во Медицински центар Кичево и биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.