Загина возач во тешка сообраќајка во Кочани

Ноќта кон саботата во Кочани во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби млад маж, кој откако загубил контрола над возилото удрил во дрво и сообраќаен знак, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Дваесет и деветгодишниот Н.Н. од Кочани го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила вчеравечер на улицата „Глигор Апостолов Гочо“ во Кочани околу 1,45 часот по полноќ.

Од полицијата информираат дека возачот управувајќи автомобил „форд“ изгубил контрола над возилото, удрил во дрво па во метален сообраќаен знак, по што се превртел.

Со тешки повреди возачот бил пренесен во здравствениот дом во Кочани каде починал.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.