Во вторникот вечерта во 21.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локален пат Беловиште-Вратница, во тетовска Вратница, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од Н.С. на 58 години, од Вратница, излетал од патот.
Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово, информираат од тетовската полиција.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.