Најмалку 20 лица загинаа, од кои повеќето деца, а 14 се повредени во несреќа на минибус на пат оштетен од летните поплави во јужниот дел на Пакистан, соопшти денеска полицијата.
Меѓу загинатите има и 11 деца на возраст од две до осум години, кои најверојатно биле во скутот на своите родители, соопшти полицијата.
Возилото завршило во длабок канал исполнет со вода на пат оштетен од поплавите во провинцијата Синд, соопшти пакистанската полиција, додавајќи дека возачот „не го видел сигналот кој укажува на вртење“.
Сообраќајните несреќи се многу чести во Пакистан поради лошите патишта, лошо одржуваните возила и несовесното возење.
Третина од Пакистан беше под вода по летните поплави. Повеќе од 1.700 луѓе загинаа, осум милиони беа раселени, а инфраструктурата претрпе огромни штети.